
ЛИРА е основана како фирма на 7 јануари 1991 год. Уште од самиот почеток е ориентирана да ги задоволи потребите на коминтентите од областа на електриката.
За таа поставен цел ги развиваме сите сегменти од оваа област: производство, услуги и трговија.
Следејќи ги едноставните правила на деловноста: квалитет, навременост, коректност и конкурентски цени, во спој со идеите, волјата, знаењето и умешноста на вработените, ЛИРА остварува постојан и стабилен раст во текот на целиот период од своето постоење.
Во 1997 год. ЛИРА е соосновач на фирмата СЕЛЕКТРА за производство на светилки. Во 2000 година ЛИРА станува доминантен основач и фирмата се преименува во СЕЛЕКТРА - ЛИРА.
ЛИРА располага со сопствен продажен, магацински и производствен простор. Во фирмата има 25 вработени од кои 20 % се дипломирани инженери.
ЛИРА е овластен дистрибутер за програмите на GEWISS и GENERAL ELECTRIC, од чии производни програми има постојан лагер.
Со своите капацитети, нашите кооперанти и добрите деловни односи со домашните и странските фирми, ЛИРА оствари над 250 рефернци од областа на услугите во електриката.
Со над 1700 коминтенти и преку 5000 артикли на лагер, ЛИРА е надежен партнер во снабдувањето со електро материјали.
Со напредните области во електриката продолжуваме понатаму ......
ЛИРА Скопје
|