Уште од почетокот на своето постоење, ЛИРА нуди изведба на електрични инсталации во индустриски, деловни и станбени објекти. Со доволна доза на расположение, љубезност и сериозност, тимот за изведба, составен од искусни и вешти електричари и инженери од ЛИРА, секогаш ја извршува својата работа со ефикасност, навременост и задоволство на клиентот.

ЛИРА нуди изведба на:
1. Класична електрична инсталација 
   - јакострујна (светло, приклучници, громобранска)
   - слабострујна (компјутерска, телефонска, домофонија и видеодомофонија, озвучување, видео надзор)

2. Класична електрична инсталација + припремна инсталација за "Паметен дом"
   - доколку во моментот не сте во можност за имплементација на "Паметен дом", овој тип инсталација Ви остава можност за било кога во иднина на едноставен начин да го управувате секој потрошувач преку апликација на Вашиот паметен телефон, таблет или лап-топ

3. Класична електрична инсталација во комбинација со инсталација за "Паметен дом" 
 

За повеќе информации за значењето на поимот "Паметен дом", кликнете тука.

Мени